Ivana Ramadanova
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонско - бугарската стопанска комора на покана од Атланскиот клуб на Бугарија зема учество во организацијата на Меѓународниот семинар за телемедицина која се одржува во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Семинарот на тема „Подобрување на здравјето и Безбедноста на Блаканот" го организира „PanEuropa" Бугарија со коорганизаторите Истражувачкиот центар за безбедност одбрана и мир и меѓународен развој и техничка помош „ДОО" на САД со поддршка од НАТО Наука за мир и безбедност.
Според организаторите, овој настан се изведува во склопот на НАТО членките и неговите партнери, а основна и значајна цел е подобрување на системот и безбедноста во извршувањето на телемедициснките процедури, бидејќи како што велат еден од позначајните проблеми во телемедицината е токму недоволната обученост на кадарот во медицинскиот сектор.
„Настанот се изведува во контекст на различен профил на учесници и сектори како што е академската заедница, бизнис заедницата, информатичката заедница како и безбедносниот и заштитниот сектор. Главната цел на овој настан е да оствариме заедничка дискусија каде сите би можеле да дискутираат за проблемите кои се однесуваат за телемедицината безбедноста на телемедицината", истакна извршниот директор на Светскиот трговски центар, Карла Сидни Стон.
Според неа, проблемите со кои се соочува телемицината се различните стандарди кои ги има секоја држава поединечно, а која е членка на НАТО, додавајќи дека токму поради тоа, во наредните три дена ќе се дискутира како полесно да се имплементира телемедицината во сите државни сектори.
Семинарот ќе трае три дена, а во него учество ќе земат дванаесет држави, поточно членови од академската зедница, бизнис заедницата, информатичката заедница, како и секторот за безбедност и заштита.
Дел од организацијата на семинарот е и Македонско-бугарската стопанска комора, на покана од Атлантскиот клуб на Бугарија, а домаќин на настанот е Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.