Ekipa
06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
ТИРАНА (АА) - Претседателите на Албанија и Косово, Илир Мета и Хашим Тачи, упатија честитки до победникот во вториот круг на претседателските избори во Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Големи честитки за Стево Пендаровски за неговата победа на претседателските избори во Северна Македонија. Имам потполна доверба за успешна соработка во иднина, не само меѓу нашите земји, туку и за зајакнување на евроатлантската перспектива на регионот. Се надевам наскоро да се сретнеме“, напиша Мета во својата порака објавена на социјалните мрежи.
Честитки до Пендаровски упати и косовскиот претседател Хашим Тачи кој истакна: „Косово и Северна Македонија имаат срдечни врски и цврсти темели базирани на заедничката желба за поттикнување на заемната соработка во сите области“.
Според соопштението од Кабинетот на претседателот на Косово, Тачи во писмото испратено до Пендаровски им честитал и на албанските политички субјекти во Северна Македонија, кои според него, се докажале дека се конструктивни, повикувајќи на масовно учество во овој изборен процес.
Според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски води со 51,66 отсто од гласовите против кандидатката Гордана Силјановска-Давкова, која доби 44,73 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори.