Admir Fazlagic
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, денес пристигна во Скопје, каде што имаше средбата со премиерот на Македонија, Зоран Заев, и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата во Владата, Матис, Заев и Шекеринска се обратија на заедничка прес-конференција.
Американскиот секретар за одбрана, Матис, го поздрави постигнатиот Договор за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција и истакна:
„Ние сме подготвени да ве пречекаме како 30 членка на НАТО."