Балкан

Македонија и Косово потпишаа Меморандум за интегрирано управување на границите

Националниот координатор за гранично управување на Македонија, Пивоваров, истакна дека спроведувањето на овој договор се очекува да ги олесни тешкотиите се кои се соочуваат граѓаните на двете земји за време на преминување на границата.

Bekim Laci  | 07.11.2018 - Обновена : 08.11.2018
Македонија и Косово потпишаа Меморандум за интегрирано управување на границите (Foto: Bekim Laci/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Националниот координатор за гранично управување на Република Македонија, Владимир Пивоваров, и националниот координатор за гранично управување на Република Косово, Иса Џемајлај, потпишаа Меморандум за соработка во областа на интегрирано управување на границите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Потпишаниот Меморандум ќе овозможи побрза размена на информации, кои ќе овозможат побрзо движење на патниците и стоките на граничните премини, а ќе помага и во борбата против корупцијата и тероризмот.

Националниот координатор за гранично управување на Македонија, Пивоваров, истакна дека спроведувањето на овој договор се очекува да ги олесни тешкотиите се кои се соочуваат граѓаните на двете земји за време на преминување на границата, особено на бизнисмените за време на транспортот на стоките во двете насоки.

„Иако овој договор го потпишуваме денеска, ние веќе имаме одлична соработка со колегите од Косово. Тоа во практика го покажавме летово кое помина, кога имавме технички проблеми во одвивањето на сообраќајот на косовската страна. Меѓутоа, благодарение на оперативните служби во Македонија и Косово, пред сѐ на царината и полицијата, овој проблем беше надминат, и со него воопшто не дојде до застој на стоките и услугите помеѓу Република Македонија и Косово“, рече Пивоваров.

Тој додаде дека очекува наредната година повторно да се сретне со неговиот косовски колега за да разговараат за резултатите од спроведувањето на Меморандумот.

Националниот координатор за гранично управување на Косово, Џемајлај, нагласи дека денес потпишаниот договор ќе ја унапредува борбата против организираниот криминал, но истовремено ќе ги зближи граѓаните на двете земји.

„Наскоро граѓаните на Приштина и Скопје ќе бидат поблиски, бидејќи сега во Косово е при крај Автопатот од границата до Приштина, и се надеваме дека Македонија ќе го реализира својот дел“, додаде тој.

Потсетуваме, во вторникот Владата на Македонија ја усвои потребата за заедничко управување на границата со Србија, за што Пивоваров истакна дека целта е да се започне со Србија и Албанија, нешто што го поддржа со фактот дека економиите на Балканот, на годишно ниво губат околу една милијарда долари од слабото движење на стоките.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın