Admir Fazlagic
13 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - „Во месец јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања, што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања“, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2018 година изнесува 102.327, а бројот на ноќевањата изнесува 243.175.
Бројот на туристите во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20,7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23,4 %. Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 22,4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 11,4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29,5 %.
Во првите шест месеци од 2018 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,4 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,3 %, а кај странските има зголемување за 19,8 %.
Во првите шест месеци од годинава, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6 %, а кај странските има зголемување за 21,9 %.
„Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9 отсто, а бројот на странските туристи пораснал за 22,4 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи пораснал за 11,4 отсто, а на странските за 29,5 отсто“, информира ДЗС.