Admir Fazlagic
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје со резултат од 2:0 ја совлада репрезентацијата на Ерменија со што ја постигна и втората победа во групата 4 од Лигата Д од Лигата на Нациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски уште од самиот играа офанзивно, а во 12. минута од првото полувреме, Горан Пандев беше влечен и срушен во шеснаесеттерецот, за што беше досуден пенал за репрезентацијата на Македонија.
Од пенал точката шутираше Езџан Алиоски кој го совлада голманот на Ерменија, Аирапетјан.
За Алиоски ова е втор гол во Лигата на нациите, по постигнатиот погодок против репрезентацијата на Гибралтар. Со мининалната предност од 1-0 заврши првото полувреме од натпреварот Македонија-Ерменија.
Во почетокот на второто полувреме и понатаму репрезентативците на Македонија продолжија со офанзивната игра и создаваа шанси. Во 59.минута по акција која започна од Енис Барди, кој проигра со Алиоски, во продолжението Трајковски асистираше, а капитенот Пандев од го совлада противничкиот голман 2:0, со што го постави и конечниот резултат од натпреварот.
Репрезентацијата на Ерменија во 22.минута имаше шанса да ја намали негативата, но во финишот од акцијата не се снајде добро Мкартјан. Исто така, на почетокот на вториот дел Ерменија пропушти да изедначи по грешката на Ристевски, но противникот немаше успешна завршница на акцијата.
Со вечерашниот натпревар, Македонија е прва во групата со максимални 6 бодови, пред Ерменија со 3.
Следниот натпревар Македонија го игра на 13.октомври во Скопје против Лихтенштајн.