Admir Fazlagic
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) - Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на Северна Македонија во НАТО. Усвоен нацрт‑законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји‑членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност," рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт‑законот во Парламентот на Летонија.
Оваа информација на социјалната мрежа Твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.
Прва држава што го ратификуваше Протоколот беше Грција, а потоа и единаесет држави меѓу кои Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска, Полска, Словачка и денес Летонија.
Потсетуваме, земјите-членки на НАТО на 6 февруари оваа година го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата.