Eren Beksaç
08 Јануари 2023•Ажурирај: 09 Јануари 2023
Во Општина Северна Митровица во Косово се одржа протест од страна на локалните Срби во знак на незадоволство од пристапот на српскиот претседател Александар Вучиќ кон Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
На протестот организиран од Движењето за заштита на Косово, на кој присуствуваа околу 200 луѓе, демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Вучиќ, против најголемата политичка партија на косовските Срби, Српска листа, и против премиерот на Косово, Албин Курти.
Демонстрантите држеа и плакати со натпис „Вучиќ, Косово не те сака, нè изневери. Нема ни да направиме здружение на српски општини, нè продаде“.
Иван Милетиќ, еден од организаторите на протестот, во својот говор рече дека било залудно верувањето дека српскиот претседател Вучиќ ќе застане на страна на косовските Срби за време на барикадите поставени на северот на Косово.
Милетиќ истакна дека на косовските Срби им се ближи крајот и затоа се принудени да организираат протест.
„Народот на Северна Митровица и (српскиот) народот во Косово нема да запрат, нема да се откажат и ќе се бориме до крај“, додаде Милетиќ.
Протестот на кој Косовската полиција, КФОР и ЕУЛЕКС презедоа опсежни безбедносни мерки, по говорите заврши без инциденти.
Дел од Србите кои живеат во Косово го обвинија српскиот претседател Вучиќ дека доволно не се грижел за косовските Срби во неодамнешните тензии на северот на земјата.