Barış Seçkin
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
РИМ (АА) – Премиерот на Косово, Албин Курти, истакна дека ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Курти во изјава за италијанскиот високотиражен весник „Ла Република“ даде оценка за тензиите меѓу двете земји во последните недели.
„Ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем. Особено откако светот виде што направи Русија со Украина, би било неодговорно ако кажам поинаку“, нагласи косовскиот премиер.
Наведувајќи дека Русија стои зад тензијата што ја имаа со Србија, Курти рече: „Пред инвазијата на Украина, можностите беа мали, но сега ситуацијата е променета. Како резултат на идејата за фашистички панславизам на Кремљ, првиот дел се случи во Украина. На пример, доколку се случи втор дел тоа ќе биде во Трансднестар. Третата војна е многу веројатно да биде во Косово, особено во Западен Балкан.“
Нагласувајќи дека во третата недела од август во Брисел ќе има состанок за општата ситуација на односите меѓу Косово и Србија, Курти рече: „Се надевам дека ова ќе помогне да се намалат тензиите.“
Истакнувајќи ја желбата на Косово да стане членка на НАТО, Курти рече дека тоа ќе придонесе за постигнување траен мир.