Zylfije Adem Jakupi
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 4 часа починаа 16 пациенти од последиците на коронавирусот (Ковид-19), со што бројот на смртните случаи се зголеми на 300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово тестирани се 475 примероци сомнителни на коронавирусот, 196 резултирале позитивно.
Досега вкупно се тестирани 39.278 примероци, од кои 9.688 биле позитивни на Ковид-19. Во последните 24 часа излекувани се 134 лица, со што бројот на оздравени се зголеми на 5.480, а моментално се активни 3.908 случаи на Ковид-19.