Bojana Stojanovic
06 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
БЕЛГРАД
Во Србија седум лица починаа од последиците на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа, заразени се уште 299 лица, а до денес се хоспитализирани 3.224 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 27.332 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 10.033 лица, од кои 299 се позитивни на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, починаа уште седум лица, со што бројот на починати порасна на 621. Процентот на смртноста е 2,27.
На респиратори се 120 пациенти, што значи дека бројот на респиратори опаѓа.
Вкупно се тестирани 723.137 граѓани.