Zylfije Adem Jakupi
16 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа се потврдени нови 129 случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 45 во Приштина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмногу позитивни случаи 45 се во Приштина, потоа следуваат општина Призрен со 18 и Вучитрн со 15 случаи. Во општина Ораховац има 9 позитивни, 8 во Пеќ, 6 во Витина и Ѓаковица, 5 во општина Липјан, 3 во Глоговац и Косово Поле, 2 во Урошевац и по еден случај во Гнилане, Драгаш, Качаник, Клокот, Мамуша, Обилиќ, Скендерај и Сува Река.
Денес се излекувани уште 10 пациенти од Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани се искачи на 963.
Од 8 февруари до денес во Косово на Ковид-19 се тестирани 18.915 лица, од кои 1.615 биле позитивни, а во земјата од последици предизвикани од заразеност со вирусот се регистрирани 33 смртни случаи.
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека минатата недела во Косово има зголемување на позитивни случаи, кои се споредува со интензитетот од средината на април, а позитивни случаи се регистрирани и кај вработените во јавни и приватни организации.
„Затоа, му препорачавме на Министерството за здравство да ги затвори секторите во кои има позитивни случаи и сите позитивни случаи и нивните контакти да се чуваат во изолација, додека носењето маски останува задолжително“, се вели во соопштението.
Во соопшението на косовоското министерство се потсетуваат граѓаните на оддржување на физичка дистанца и миење раце.