Zülfiya Yakup
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
ПРИШТИНА (AA) – Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска се состана со поранешниот премиер на Турција Ахмет Давутоглу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Харадинај ја пофали улогата на поранешниот премиер Давутоглу и турската дипломатија во лобирање за зголемување на бројот на признавањата и за целокупниот процес на градењето на Косово, соопштено е од Владата на Косово.
На состанокот е разговарано и за последните политички случувања, за процесот на евроатланските интеграции и продлабочувањето на економската соработка.
Премиерот Харадинај во таа прилика нагласи дека во Косово е создадена поволна клима за потенцијални инвеститори.
Поранешниот премиер Ахмет Давутоглу му ја честиташе на косовскиот премиер Харадинај и на граѓаните на Косово десеттата годишнина на независноста, пофалувајќи ги достигнувањата и успесите кои се остварени во текот на оваа деценија.