Zylfije Adem Jakupi
16 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 3 пациенти како последица на заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 604, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека се регистрирани 76 нови позитивни случаи, од спроведени 538 тестирани примероци сомнителни на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Косово, спроведено е тестирање на 59.571 сомнителен примерок, при што присуството на Ковид-19 е потврдено кај 14.839 лица. Во последните 24 часа оздравеле 165 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 11.949, додека во моментов бројката на активни случаи изнесува 2.286.