Agim Sulaj
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 6 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.688, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 730 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 76.110.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 3.317 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 348.381 тестирањe.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 63.892 лица. Во моментов во земјата има 10.530 активни случаи.