Балкан, Коронавирус

Косово: Од Ковид-19 починаа 5 лица, регистрирани 437 новозаразени

- Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 59.174 лица. Во моментов во земјата има 7.145 активни случаи

Agim Sulaj  | 25.02.2021 - Обновена : 27.02.2021
Косово: Од Ковид-19 починаа 5 лица, регистрирани 437 новозаразени

ПРИШТИНА

Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 5 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.587, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 437 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 67.906.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.643 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 297.628 тестирањa.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 59.174 лица. Во моментов во земјата има 7.145 активни случаи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.