Балкан

Во Измир се одржа состанок за балканска соработка

„Северна Македонија е едно од најубавите места каде што разликите можат да се живеат во хармонија. Нашата најголема желба е нашите сонародници да го добијат тоа што го заслужуваат во економскиот, политичкиот и социјалниот живот“, истакна Озтрак

Halil Şahin  | 25.02.2021 - Обновена : 25.02.2021
Во Измир се одржа состанок за балканска соработка ( Foto: Lokman İlhan / Anadolu Agency )

ИЗМИР

Во организација на општина Борнова во Турција се одржа состанок за балканска соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заменик-претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) и портпарол на партијата, Фаик Озтрак, во своето обраќање на состанокот истакна дека Балканскиот оддел на Републиканска народна партија (ЏХП), каде што тој е претседател, има за цел зајакнување на солидарноста и соработката со браќата на Балканот, зајакнување на братските односи и зголемување и споделување на среќата и во Турција и на Балканот.

Истакнувајќи дека во блиското минато на балканските простори доживеани се големи болки, Озтрак рече: „Најголемите геноциди во светот се случуваат во регионот, за тоа не се зборува многу. Секако дека мора да извлечеме поуки од историјата, но имаме тековни проблеми. Имаме глобална епидемија", рече Озтрак.

Тој се осврна на претстојниот попис на населението во Република Северна Македонија, закажан за април оваа година.

„Токму во овој период имаме попис во Северна Македонија што треба да се одржи во април ова време. На овој попис, сметаме дека е важно нашите сонародници и нивните роднини кои се тука да бидат целосно регистрирани во евиденцијата. За нас е значајно тоа за да има правда во застапеноста и спроведување на многу други права. Во однос на ова прашање ќе бидеме со нашите сонародници. Од тука сакам да упатам еден повик. Доколку имате државјанство на Северна Македонија, може да се регистрирате и по електронски пат. Може да се регистрирате и преку вашите роднини таму. Користете ги овие можности. Во Северна Македонија се грижиме за напорите кои се прават за образование на мајчин јазик и за застапеноста во јавните институции“, истакна Озтурк, и додаде:

„Северна Македонија е едно од најубавите места каде што разликите можат да се живеат во хармонија. Нашето очекување од сите е правда во секојдневниот живот и правда во застапеноста. Нашата најголема желба е нашите сонародници да го добијат тоа што го заслужуваат во економскиот, политичкиот и социјалниот живот.“

Во однос на изборниот процес во Бугарија, рече дека се надеваат дека волјата на граѓаните искрено ќе се рефлектира во гласови.

Нагласувајќи дека учеството на овие избори е исто така важно, Озтрак рече: „Очекуваме нашите сонародници да бидат во една целина. Нема да имаат мнозинство за да формираат влада, но се надеваме дека ќе одлучуваат во формирањето на Владата.“

На состанокот присуствуваа претставници на балканските невладини организации. Некои учесници од турската заедница во Северна Македонија, како и од Елазиг и Дијарбакир, на состанокот учествуваа преку видеоконференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.