Agim Sulaj
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.388, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 299 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 54.560.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.825 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 201.918 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 47.605 лица. Во моментов во земјата има 5.567 активни случаи.