Ekipa
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ПРИШТИНА (АА) - АГИМ СУЛАЈ –
Предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат в недела, 6 октомври, откако Владата, предводена од косовскиот премиер Рамуш Харадинај, поднесе оставка во јули оваа година, пишува Anadolu Agency (AA).
Харадинај даде оставка од премиерската функција во јули, откако беше повикан како осомничен од косовскиот Специјален суд во Хаг, Холандија. По неговата оставка Косово ќе оди на седмите парламентарни избори во својата историја - четири од нив беа предвремени избори.
Во Косово ќе можат да гласаат 1.937.869 регистрирани гласачи, од кои 111.173 се нови избирачи. На изборите ќе излезат 20 политички партии, вклучувајќи ја и Демократската партија на Турците во Косово (KDTP), 4 предизборни коалиции и 1 независен кандидат.
Косовските гласачи ќе можат да гласаат на 895 избирачки места низ целата земја. Изборите ќе ги следат околу 50.000 набљудувачи, вклучително и набљудувачи од Европската Унија (ЕУ).
Изборните кампањи кои започнаа на 25 септември ќе завршат на 4 октомври. Косовскиот Парламент се состои од 120 пратеници.
Коалицијата Вакат е составена од три партии - Бошњачката демократска партија, Демократската партија на татковината и Обединетата бошњачка партија. Коалицијата ААК - ПСД (AAK - PSD) е формирана од Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија.
Од друга страна, Социјалдемократската иницијатива се состои од Новата косовска алијанса, од Партијата за правда и од Kоалицијата од три партии: НИСМА - АКР - ПД (NISMA - AKR - PD). Коалицијата Слобода, пак, се состои од две партии, Партијата за развој на Косово и Новата косовска партија.
За премиер на Косово ќе се натпреваруваат петмина кандидати. Рамуш Харадинај ќе биде кандидат на Коалицијата ААК - ПСД (AAK - PSD), Фатмир Лимај кандидат на Коалицијата НИСМА - АКР - ПД (NISMA - AKR - PD), Албин Курти, кандидат на движењето Самоопределување, Вјоса Османи, кандидатка на Косовската демократска унија (ЛДК) и Кадри Весели, кандидат на Демократската партија на Косово (PDK).
На изборите во Косово се применува праг од 5 отсто, секоја партија што ќе го надмине прагот ќе испрати свои пратеници во Парламентот.
Вјоса Османи е првата жена која се кандидира за премиерската функција во оваа земја.
Политичките партии во текот на предизборната кампања најмногу ветувања упатуваат за владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, за економскиот развој и вработувањата, запирање на тенденцијата на младите да го напуштаат Косово, за интеграција на земјата во рамките на постоечките граници.
Интересен е фактот дека покрај тоа што нормализацијата на дијалогот во косовско-српските односи и царинските такси од 100 отсто на Косово кон Србија и Босна и Херцеговина не се во фокусот на програмата на политичките партии, на овие избори ниту една од политичките партии на Косово не даде никакви ветувања околу визното олеснување.
Додека Демократската партија на Косово (PDK) е фокусирана на борбата со корупцијата, партијата Демократски сојуз на Косово (LDK) даде свои ветувања околу независното судство, подобар здравствен систем и подобрување на положбата на жените во земјата.
Коалицијата ААК - ПСД вети дека сѐ додека Србија не го признае Косово, нема да бидат отстранети таксите за оваа земја. Движењето „Одлучи сам“ (VV) во своите ветувања говори на темите како што се владеење на правото, социјална правда и економски развој.
Гласачките кутии на изборите закажани за в недела ќе бидат отворени во 7:00 часот, а гласачите ќе можат да гласаат до 19:00 часот.
Последните општи избори во Косово се одржаа во 2017 година. На овие предвремени избори, излезноста изнесуваше 41,3 отсто.
На тие предвремени избори, коалицијата ПАН (PAN) во која партиципираа Демократската партија на Косово (PDK), Алијанса за иднината на Косово (AAK) и партијата Иницијатива за Косово (NİSMA) освоија 33,74 отсто од гласовите и обезбедија 39 пратеници во Парламентот.
По коалицијата ПАН, најголем број гласови освои Движењето „Одлучи сам“ (VV), освојувајќи 27,49 отсто гласови и обезбедувајќи 32 пратеници. Следуваше Коалицијата составена од Демократската унија на Косово, Нова косовска алијанса (AKR) и партијата Алтернатива со освоени 25,53 отсто и 29 пратеници. Демократската партија на Турците во Косово (KDTP) на тие избори имаше освоено 1,08 отсто од гласовите и во Парламетот имаше двајца пратеници.