Zülfiya Yakup
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПРИШТИНА (AA) – Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека до 15 часот на предвремените парламентарни избори гласале 497. 121 гласач или 27.75 проценти од вкупниот број на гласачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на ЦИК, Валдете Дака, на конференцијата за новинарите изјави и дека изборниот процес се одвива регуларно. Таа во врска со можните злоупотреби и кршења на кривичниот законик во текот на гласањето нагласи дека тоа е прашање на Обвинителството и останатите органи на гонење, и дека со тоа ЦИК не се бави.
Запрашана да прокоментира дали зад големата група од 4 илјади набљудувачи регистрирани во рамките на една невладина организација стојат политички партии, Дака рече дека сепак, тие се само набљудувачи.
„Ние не можеме да сносиме да сносиме одговорност дали тие се претставници на политичките субјекти или не. И членовите на Невладините организации можат да бидат претставници на политичките субјекти, што не значи дека акредитиравме претставници на политички субјекти. Набљудувачите не можат да бидат дел на манипулации, не гледам зошто ги поврзувате со изборните активности. Тие се само набљудувачи", рече Дака.
Во врска со остранување на имињата на мртвите лица од изборната лица, Дака истакна дека има околу 35 илјади починати од минатите избори до овие, и дека уште околу 30 илјади други загубиле државјанство.