Andelija Stojkovic
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
БЕЛГРАД (АА) - Министерот за надворешни работи и вршителот на должноста премиер на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека денешните избори во Косово се од витално значење за српскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Дачиќ ги повика Србите во што поголем број да излезат и да гласаат за „Српската листа“, за која рече дека е единствената што ја има поддршката на Владата и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Албанските власти во Приштина ги бараат Србите кои ќе им помогнат во изградбата на независна држава. Затоа од пресудно значење за Србите е во што поголем број да излезат на изборите и да гласаат за Српската листа", рече Дачиќ во писмена изјава за медиумите.