Zylfije Adem Jakupi
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека во Звечан утринава настанале немири за време на протестот на српските граѓани, јавува Анадолу.
Како што се наведува, на северот од земјава денес е најавено дека ќе се одржи протест, како и дека граѓаните имаат право на мирни протести.
„Демонстрантите организирано се собраа пред зградите на општините на северот на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, да протестираат, но пред општинската зграда во Звечан беа насилни и фрлајќи солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон и насилно да влезат во општинската зграда. Полицијата беше принудена да употреби легални средства, како спреј, за да ги спречи демонстрантите и да ја стави ситуацијата под контрола“, соопштија од полицијата.
Од утринава припадници на КФОР се стационирани пред зградите во општините на север.
Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, закажа средба со новите градоначалници на општините од северот во Приштина.