Ahmet Gençtürk
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
АТИНА (АА) - Шефот на преодната Влада на Грција, Јоанис Сармас, му ја честиташе победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Република Туркије, пренесува Анадолу.
Ердоган како кандидат на владејачката Народна алијанса победи вчера во вториот круг од претседателските избори во Туркије и ќе остане на позицијата шеф на државата во следните пет години.
Премиерот на соседна Грција, Сармас, му честиташе на Ердоган за изборната победа и му посака мир и просперитет на турскиот народ.
Според непотврдените резултати од изборите, Ердоган победи со 52,16 отсто од гласовите пред кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу, кој освои 47,84 отсто од гласовите.