Agim Sulaj
22 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Бројот на заразени лица со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Косово се искачи на 31 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека во текот на вчерашниот ден 150 сомнителни случаи биле тестирани во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, од кои еден од нив бил позитивен на Ковид-19.
По овој случај, откриени биле уште два случаја на заразени со овој вирус.
Меѓу другото, во оваа лабораторија вкупно се тестирани 567 сомнителни случаи, од кои вкупно 31 биле позитивни на новиот вид коронавирус.