Bojana Stojanovic
22 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во Србија се регистрирани уште 17 случаи на коронавирусот (Ковид-19), поради што бројот на вкупно потврдени случаи порасна на 188, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од последниот извештај вчера во 18 часот, па до осум часот утрово, тестирани се примероци на 28 лица од кои 17 се позитивни и 11 негативни на новиот коронавирус, соопштено е на сајтот „Covid19.rs“.
Од 17-те потврдени случаи од последниот извештај, 11 лица се хоспитализирани, но без компликации и се во добра општа состојба, додека шест лица имаат полесна клиничка слика и се наоѓаат во домашни услови.
До осум часот утрово, во Националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 700 лица што ги исполнувале критериумите за дефиниција на случајот.