Zülfiya Yakup
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
ПРИШТИНА (АА) - На турскиот државјанин Угур Токсај, кој беше уапсен вчера во Призрен, осомничен дека е член на терористичката организација ФЕТО, одреден му е притвор од 40 дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот на Специјалното обвинителство на Република Косово, Али Реџа, за АА потврди дека Угур Токсај денес се појавил пред надлежниот судија и дека му е одреден притвор во рок од 40 дена.
„Добивме барање од Турција за испорачување на турскиот државјанин. На уапсениот му е одредена мерка од 40 дена притвор. Во тој период судот ќе го разгледа барањето за негово испорачување“, вели Реџа.
Претходно главниот обвинител на Основното обвинителство во Призрен, Адмир Шала, за АА потврди дека уапсениот турски државјанин е осомничен за членство во терористичката организација.
Полицијата на Косово вчера во Призрен во врз основа на меѓународната потерница уапси осомничено машко лице, државјанин на Турција и со одлуката на обвинителот истото е префрлено во притвор.