Dzihat Aliju
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) се одржа научната конференција со тема „Една приказна на отпорот“ по повод 70. годишнина од егзекуцијата на четворицата припадници на движењето Јуџел кои беа егзекутирани од страна на комунистичкиот режим во поранешната Југославија, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа конференција чиј модератор беше професорот во Тетовскиот државен универзитет, проф. д-р Сулејман Баки учествуваа Џемиле Бурџу Календер Демирдуген, Ахмет Демирдуген, трет секретар во турската Амбасада во Скопје, Селим Мутлу, советник за образование при Турската амбасада во Скопје, претставници на турските институции и здруженија во земјата, како и други поканети гости.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, во изјава за медиумите пред конференцијата потсети дека по егзекуцијата на четворицата членови на Јуџел во 1948 година, започнала сериозна миграција на турскиот народ во Македонија.
Про-ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, доц. д-р Шенер Билали, нагласи дека Јуџелите претставуваат пример не само за Македонија туку за сите Турци кои живеат на Балканот.
Билали истакна дека оваа движење не е бунтовничко движење, туку дека ова е движење кое им беше потребно на Турците на Балканот, особено за оние кои живеат во Македонија.
Професорот во универзитетот Хаџетепе во Турција, доц. д-р Халим Чавушоглу, истакна дека во движењето Јуџел и неговите припадници не е забележана една формација како тогашните терористички органиации, и дека тие биле егзекутирани на неправеден начин.
Во рамките на конференцијата Про-ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, доц. д-р Билали, Професорот во универзитетот Хаџетепе во Турција, доц. д-р Чавушоглу, членот на Уставниот суд на Македонија, Салих Мурат, како и новинар и писател Авни Абдулах одржаа говори.
Абдулах, новинар и писател, рече дека движењето Јуџел не е терористичка организација, и дека нивната единствена цел била Турците да бидат во една подобра состојба.
Од друга страна, членот на Уставниот суд на Македонија, Салих Мурат, се осврна на правниот аспект на Јуџелите, и дека со цел да се разберат Јуџелите потребно е да се знае миграциската политика во Југославија.
- Движењето „Јуџел“ -
Турците коишто живееја во Македонија, во 1937 година почнаа да се обединуваат со цел да ги сочуваат националните и духовните вредности, своите обичаи и традиција.
Во 1945 година на организацијата и беше дадено името „Јуџел“. За претседател на организацијата беше назначен Шуајб Азиз Ефенди, кој се школувал во скопската медреса „Атаулах Ефенди“, а студиите ги продолжи на Универзитетот „Ал Азхар“ во Египет, каде што студирал во областа на верското право, мистицизмот и филозофија на западниот свет.
Во рамките на напорите на поранешна Југославија за елиминирање на сите национални организации, во август 1947 беа приведени 17 лица, за кои започна судски процес.
На 25 јануари 1948 година судот на смртна казна осуди четворица членови на движењето „Јуџел“, Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер, кои беа стрелани на 27 февруари истата година. Останатите притворени членови на „Јуџел“ беа осудени на тешки затворски казни.