Zylfije Adem Jakupi
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово се тестирани 4.133 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 836 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последното деноноќие од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19 животот го загубиле 10 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 1.813.
Од почетокот на пандемијата досега се тестирани 401.480 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 85.334 биле позитивни.
Во последните 24 часа оздравеа 700 лица, вкупно 70.587 од почетокот на пандемијата во Косово.
Во моментов во оваа земја се активни 12.934 случаи на заразување со Ковид-19.