Bedrudin Brlyavac
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
САРАЕВО (АА) - Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, по дискусијата едногласно го потврдија именувањето на Зоран Тегелтија за претседавач на Советот на министири на БиХ, јавува Агенција Анадолија (AA).
За неговото именување гласаа 28 пратеници, против беа 8, додека двајца пратеници беа воздржани.
Препораката за негово именување ја потврди и Комисијата за подготовка на изборите на Советот на министри на БиХ на седницата одржана на 26 ноември.
Тегелтија пред дискусијата ги претстави експозеата во чиј фокус беа социо-економските реформи, напоменувајќи дека БиХ односите со НАТО треба да ги развива во согласност со сопствените интереси.
Тој исто така истакна дека е во потполност посветен на почитувањето на владеењето на правото, Дејтонскиот мировен договор, Уставот на БиХ и надлежностите на сите нивоа на власта во БиХ.
Тој во експозето нагласи дека крајно одговорно ќе пристапи на спроведувањето на реформите во земјата, напоменувајќи дека е свесен за сериозноста и тежината на задачата, но и за очекувањата на сите граѓани на БиХ.