Kemal Zorlak
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер во 10:19 часот ја погоди Босна и Херцеговина (БиХ), поточно регионот на градот Невесиње, а се почувствувал и во главниот град Сараево, јавува Агенција Анадолија (AA).
На веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е наведено дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 77 километри јужно од главниот град Сараево, односно 11 километри југозападно од Невесиње, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот исто така се почувствувал и во Сараево.
Ова е еден од низата земјотреси кои утринава се почувствуваа во добар дел од регионот.