Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе БиХ, се почувствувал во Сараево, но и во регионот
- Епицентарот на земјотресот е регистриран во 21:43 часот, на длабочина од 9 километри, на околу 10 километри северозападно од Зеница и 69 километри северозападно од Сараево, покажаа податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Kemal Zorlak
31 Декември 2023•Ажурирај: 01 Јануари 2024
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер синоќа ги вознемири жителите на повеќе градови во Босна и Херцеговина (БиХ), вклучувајќи го и главниот град Сараево, но и населението во регионот, известува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во 21:43 часот, на околу 10 километри северозападно од Зеница и 69 километри северозападно од Сараево, покажаа податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е забележан на длабочина од 9 километри.