Alma Çekovic
03 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
САРАЕВО (AA) - „Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени по Рихтеровата скала е регистиран утрово на подрачјето на Влашиќ“, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), пренесува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ е наведено дека епицентарот на земјотресот е забележан во близина на Турбе, кај Травник.
Подрачјето на Влашиќ вчера го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер, а се почувствува и во Сараево и во Бања Лука.