Gorana Jakovljevic
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Босна и Херцеговина, на оддалеченост од 20 километри од местото Теслиќ и 40 километри од Зеница, известува Анадолу.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) на својата веб-страницата објави дека земјотресот се случил во 14.23 часот по локално време.
Земјотресот го почувствувале и граѓани на Бања Лука, а според изјавите на службата ЕМСЦ, граѓаните пријавиле дека благо тресење на земјата е почувствувано и во Сараево.
Во моментов нема информации за причинета материјална штета.