Балкан

Здружението „Добротворци“ од Турција одржа концерт во Скопје

Турското здружение „Добротворци“ одржа концерт во Скопје по повод 96 години од основањето на Република Турција

Seyyid Emin  | 19.10.2019 - Обновена : 20.10.2019
Здружението „Добротворци“ од Турција одржа концерт во Скопје Фото: Seyyid Emin/АА

СКОПЈЕ (АА) - Турското здружение „Добротворци“ одржа концерт во Скопје по повод 96 години од основањето на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Ова здружение, во соработка со Здружението за солидарност на Турците „Нутук“ одржа концерт во Скопје, во Домот на АРМ.

На концертот присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара; потсекретарот на Турската амбасада и заменик-шеф на мисијата, Умут Љутфи Озтурк; вториот претседател на здружението „Добротворци“, Дилек Бајазит; претседателот на огранокот на здружението „Добротворци“ во Северна Македонија и претседател на Здружението за солидарност на Турците, „Нутук“, Ремзи Џанова и голем број гости.

По интонирањето на химните на двете земји, беше прикажан промотивен филм за здружението „Добротворци“ од Турција.

Потоа збор зеде амбасадорката Кара, која го изрази своето големо задоволство од учеството во програмата.

Амбасадорката Кара истакна дека едни од местата кои треба да се посетат се куќата на таткото на Ататурк во Коџаџик и Военото училиште во Битола, кажувајќи само пофални зборови за турското здружение „Добротворци“.

Истакнувајќи ја својата воодушевеност од добрите работи што ги направило здружението, амбасадорката Кара продолжи со зборовите „Навистина, имаме турско здружение „Добротворци“, кое со своите 133 ограноци опстојува веќе 91 година. Јас постојано велам дека помошта е средство за врска со останатите народи и доколку секој врз себе ја преземе својата должност и соодветно ја исполни, уверена сум дека и следните генерации ќе го следат тој пример и ќе израснеме прекрасни генерации. Ви се заблагодарувам од сѐ срце.“

Дилек Бајазит, вториот претседател на турското здружение „Добротворци“ за медиумите изјави дека тие се невладина организација формирана пред 91 година од страна на првиот претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк. „Формирана е со цел за помош. Каде, кому, каква помош му е потребна, ние како здружение сме таму. Нашата најголема помош е на полето на образованието. Нашата помош е фокусирана кон луѓето, фокусирани сме кон образованието на луѓето“, изјави Бајазит.

Истакнувајќи дека преку своите 133 ограноци со стипендии помогнале во образованието на десетици илјади деца, Бајазит рече дека цел на здружението е обезбедување мир и единство во светот.

„Во Турција имаме 133 ограноци. Овие ограноци имаат и свои музички групи. Овој концерт е организиран со цел да презентираме дел од песните што ги сакаше Ататурк. Музичката група на нашиот огранок од Бејоглу за вас ќе ги отсвири омилените песни на Ататурк“, рече Бајазит.

Претседателот на Здружението за солидарност на Турците, „Нутук“, Џанова, рече дека концертот е фокусиран на омилените песни на Ататурк, но симболично ќе бидат отпеани и неколку македонски песни.

По доделувањето плакети на претседателите на здруженијата, ученици од Основното училиште „Тефејуз“ рецитираа, отпеаја песни и одиграа игри пред гостите.

Во последниот дел од концертот, музичката група и хорот на огранокот од здружението „Добротворци“ од Бејоглу се претстави со својот репертоар пред гостите.

Во рамките на програмата беше презентирана и изложба на слики на Ататурк.

Здружението „Добротворци“ по повод 91. годишнина од своето формирање, во Скопје ќе подигне споменик на Ататурк.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.