Tevfik Durul
14 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
АТИНА
Грчките власти одлучија да ги затворат градинките и основните училишта поради влошената епидемиолошка ситуација во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот министер за образование, Ники Керамеус, изјави дека градинките, основните училишта и центрите за грижа на деца ќе бидат затворени до 27 ноември 2020 година, односно во наредните 14 дена.
Керамеус рече дека во затворените образовни установи, во одредени часови ќе се изведува онлајн настава.
Во Грција е прогласен карантин на ниво на целата земја поради зголемувањето на бројката на заразени, во чии рамки Владата одлучи во средните училишта и универзитетите да се изведува онлајн настава.
Во четвртокот во Грција се регистрирани 3.336 нови случаи на зараза со Ковид-19 и 50 починати од последиците на коронавирусот, што претставува најголем број на позитивни лица и на смртни случаи на дневно ниво.