Балкан

Првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија

- Гласачките кутии низ земјата се отворија во 7:00 часот на 3.480 избирачки места, а гласањето ќе трае до 19:00 часот

Abdula Berisha  | 24.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија Фото: Абдула Бериша / АА

СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија денес се одржува првиот круг гласање за претседателските избори, јавува Анадолу.

Гласачките кутии низ земјата се отворија во 7:00 часот на 3.480 избирачки места, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.

На седмите претседателски избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи кои можат да изберат еден од седумте претседателски кандидати.

Според законите, во првиот круг гласање се прогласува победник само доколку некој од кандидатите освои над 50 проценти од гласовите на сите регистрирани гласачи. Доколку не се случи ова, се одржува втор круг избори, во кој се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг на претседателските избори треба да биде над 40 проценти, за гласањето да се смета за важечко.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години, а еден претседател може да биде на должноста најмногу два мандати.

Доколку во првиот круг гласање не се прогласи победник, вториот круг е предвиден да се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори во Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.