Admir Fazlagic
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Цирпас се состанаа во швајцарскиот Давос, а по средбата премиерот Заев порача дека е редно време да се изнајде решение за спорот околу иметo, затоа што тоа е клучно за евроатланските интеграции на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев на заедничката прес конференција со неговиот грчки колега Цирпас изразувајќи задоволство од средбата, дече дека Македонија е силно посветена на имплементацијата на мерките на градење доверба со соседна Грција, со цел да се придонесе за надминување на отвореното прашање во интерес на двете земји.
Заев рече дека и двете земји се на вистинскиот пат да постигнат добрососедски односи кои ги поддржуваат евроатлански перспективи на Македонија, како и дека ќе придонесат за стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион.
„Мнозинството граѓани во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи кои ќе придонесат за зајакнување на меѓусебната соработка. Сакаме да станеме еднакви партнери во Европската унија и лојални партнери во НАТО. Сакаме да стоиме рамо до рамо и да се поддржуваме во тешки и предизвикувачки моменти", изјави Заев.
Додаде дека двајцата премиери имаат политичка визија и волја да работат на надминување на долгогодишниот спор околу името.
„Ние како премиери имаме политичка визија, волја и одговорност да работиме за надминување на долгогодишниот билатерален спор. Тој трае веќе 25 години, редно време е да се изнајде решение затоа што тоа е клучно за нашите ЕУ и НАТО перспективи", истакна Заев.
Порача дека крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни, како и дека е потребно да се води грижа за итнересите на двете земји.
„Решението мора да биде во насока на заштита на националниот дигнинтет и идентетот на нашите народи", рече Заев.
Премиерот на Република Македонија најави дека Владата на Република Македонија со цел да покаже дека е посветена на процесот на изнаоѓање на решение, ќе го промени името на аеродромот во Скопје и автоапатот. Заев изјави дека автоаптот ќе се вика „Пријателство".
Премиерот Заев информираше дека Владата на Македонија останува посветена на преговарачкиот процес за чија имплеметација е назначен медијаторот Нимиц од страна на ОН и рече дека ќе биде кренато нивото на преговарачкиот процес.
„Министрите за надворешни работи ќе ги преземат преговорите под наше покровителство. Тие ќе работат заедно со нивните тимови. Ова ќе дозоволи повеќе динамика и суштина во процесот на преговорите", додаде Заев.
Од друга страна, премиерот на Грција, Алексис Цирпас, изјави дека Балканот претпре многу поради национализмот и додаде дека е потрбно да се има агенда на соработка и развој.
Ципрас, исто така, повтори дека за евро-атлантска перспектива на Македонија, најпривин е потребно да се затвори проблемот со името.
„Со цел да се придвижи напред европскиот интегративен процес и интеграција во НАТО, како што посакува соседната земја, треба да најдеме решение во целост, за отворените прашања. Особено јасно ставив до знаење дека треба да се договориме за заемно прифатено сложено име што ќе важи за сите. И во оваа рамка разменивме идеи и се договоривме да ги интензивираме под наш надзор, консултациите што веќе се водат во рамките на Обединетите нации", рече грчкиот премиер Ципрас.
Тој порача дека со својот македонски колега, Заев, имаат желба да се се справат со постоечките разлики со реализам и чувство на одговорност.
„Не сакаме само да го решиме проблемот со името туку сакаме односите на двете наши земји да ги поставиме на цврсти темели, темели на меѓусебно почитување и добрососедство. Тоа значи дека првин треба да се справиме со иредентизмот во сите негови облици и секако со гаранции дека нема да оставиме никаков отворен прозорец за одново да се создадат слични провокации во иднина", рече Ципрас.
Инаку, средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос е прва директна средба меѓу премиерите на двете држави, откако се смени власта во Македонија и по неодамнешното обновување на преговорите за решавање на спорот со името.