Husamedin Gina
30 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) – За време на апостолската посета на папата Франциск на Република Северна Македонија, движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа значи дека сите граѓани кои на 7.5.2019 година во оваа зона ќе пристапат во периодот од 6:00 часот до 19:00 часот, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.
Поради тоа, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.
Во зоната Мал ринг ќе се пристапува преку осум влеза на кои припадниците на Министерството ќе вршат безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карта или на патна исправа.
Тоа ќе бидат единствените влезови преку кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот Македонија.