Zülfiya Yakup
17 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
ПРИШТИНА (AA) - Премиерот на Косово Рамуш Харадинај го прими комесарот на Европската унија (ЕУ) за европската политика за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, јавува Anadolu Agebncy (AA).
Хан и Харадинај разговараат зад затворени врати и не се предвидени изјави за медиуми.
Комесарот Хан, како што е најавено од Канцеларијата на ЕУ за Косово, со премиерот Харадинај ќе разговара за прашања од важноста за европската агенда на Косово.
Се очекува дека ќе се разговара за таксите од 100 отсто кои Владата на Косово ги воведе на стока која се воведува од Србија и Босна и Херцеговина. Имено, Брисел, како и САД бараат од Приштина да ги укине тие такси.