Балкан

„Спремни сме за изградба на Турски тек, Ердоган доаѓа наредната седмица"

Претседалот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија очекува многу од Турски тек, дека многу направила, потпишала и завршила до сега.

Bojana Stojanovic  | 17.01.2019 - Обновена : 18.01.2019
„Спремни сме за изградба на Турски тек, Ердоган доаѓа наредната седмица" (Foto: Miloš Miškov - Anadolu Agency)

Belgrade

БЕЛГРАД (AA) - Ние сме спремни да го реализираме Турски тек, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган доаѓа следната седмица да разговараме за тоа, Турција позитивно гледа на тоа, изјави денес во Белград претседателот на Русија Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние сме спремни да го реализираме продолжение за европските земји, има многу заинтересирани, имаме и повеќе од доволни ресурси, ние на тоа работиме со Србија, но тоа се однесува и за развојот на инфраструктурата и ние сме спремни во а да вложиме милијарда и 400 милиони долари, но се ќе зависи од другите земји колку тие се спремни да ги одбранат своите интереси", наведе Путин на заедничката конференција за новинарите со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград.

Како што наведе, сега и Бугарија покажува интерес за тој тек.

„Ние сме спремни за тоа во потполност, ги водиме подготвителните работи, од нас малку нешта зависат. Следната седмица ќе дојде Ердоган, Турција позитивно гледа на тоа, така што ќе работиме на тоа и ќе видиме што се случува", додаде Путин.

Тој рече дека и на Русија не ѝ пречи Северен тек 2, најавувајќи дека раководството на Гаспром ќе престојува во Брисел каде ќе разгледа и транзит преку Украина.

Претседалот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија очекува многу од Турски тек, дека многу направила, потпишала и завршила до сега.

„Нашите претпријатија и нашата земја мораат да добијат гас и наша идеја и план е да добиваме гс во иднина од Турски тек од Бугарија, за Србија тоа е од исклучително значење", рече Вучиќ.

Тој истакна дека знае оти Германците сѐ изградиле околу Северен тек.

„Ние како и сите други народи, имаме право да доиеме гас, ние да плаќаме двократно повисоки цени немаме и не можеме... Ние сакаме да набавуваме најефтин и најдобар гас за нашата земја, а тоа е рускиот гас", заклучи Вучиќ.

Претседателот на Русија Владимир Путин на претседателот на Србија Александар Вучиќ, му го врачи орденот Александар Невески, за голем придонес во развојот на многубројната соработка на двете земји.

Претходно двајцата претседатели разменија потпишани спогодби кои се однесуваат на секторите енергетика, железници, додека една третина се однесува на областа иновации и дигитализација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.