Zlatan Kapic
15 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
ДУБРОВНИК (АА) - Погледот од тврдината Ловренац, чија изградба на стрмната клисура започнала уште во 11 век, на стариот град Дубровник, ќе го врати секој посетител со векови наназад и ќе го оживее допирот со богатата историја на ова поднебје, пишува Агенција Анадолија (АА).
На самиот врв на листата на историски градби во Хрватска се наоѓа старото јадро на Дубровник, изградено во 13 век. Дубровник е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година. Ѕидини го опкружуваат целиот стар дел на градот, достигнувајќи височина од 24 метри и дебелина од шест метри. Ѕидините се изградени во 13 век, а во следните векови дополнително се зацврстени и над нив се изградени и кули, за да се заштити градот на југот на Јадранот од разни опасности.
Бројните посетители кои го посетуваат Дубровник на овој начин ја користат можноста и за своевидно „патување во минатото“, а староградските ѕидини ги истражуваат пешачејќи речиси два километри по добро уредени патеки покрај бедемите и тврдините околу самиот град.
Посебно внимание привлекува главната улица на стариот град, Страдун, Кнежевиот двор, црквата Св. Влах, Катедралата, Градското собрание.
- Локации на снимање на сцените од популарни филмови и серии -
Поради своето средновековно старо јадро, што до денес го има задржано својот автентичен изглед, Дубровник е интересен и за бројни филмски уметници кои овој град го сметаат за идеална локација за снимање.
Најпознатата серија што во последните години е снимена во Дубровник е „Игра на троновите“, каде градот ја доби улогата на Кралскиот оклоп. Богатството на архитектурата и историјата на овој град му ја донесоа најпопуларната телевизиска серија во светот и го позиционираа Дубровник на мапата на посебен тип туристи, оние кои целото свое внимание го насочуваат кон локациите за снимање на омилените серии или филмови.
Во градот што зрачи со посебна архитектура, историја и атмосфера снимени се некои од најпознатите сцени на серијата „Игра на тронови“, по што фановите на серијата од целиот свет почнаа да доаѓаат во Дубровник. Во последно време, најмногу посетители одат кај Скалите од Језуит, познатите скали што послужија за снимање на сцената „одот на срам на кралицата“ од серијата „Игра на тронови“.
- Една од најпознатите дестинации за туристите -
Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади. Најраните докази за постоење на ѕидините датираат од 9 век, кога градот го опколиле Сарацените.