Elvır Hodzıc,Silvana Blazheva
05 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
САРАЕВО (АА) - Милорад Додик, претседател на ентитетот Република Српска на Босна и Херцеговина, вечерва потпиша указ за објавување Закон за забрана на дејствување на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, СИПА и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ во тој ентитет, известува Анадолу.
Овие акти ги усвои Народното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари и тие се во спротивност со одредбите на Уставот на БиХ, а голем број аналитичари ги сметаат за државен удар.
Додик ги потпиша декретите откако Клубот на Бошњаци во Советот на народите на РС одлучи да не бара ревизија на уставноста на овие закони пред Уставниот суд на овој босански ентитет.
Актите се усвоени веднаш откако Судот на БиХ го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на РС.
Се очекува да се побара преиспитување на уставноста на овие акти пред Уставниот суд на БиХ.
Додик денес во Бања Лука потпиша и декрети за прогласување на Законот за дополнување на Кривичниот законик на Република Српска и Законот за посебен регистар и јавноста на работата на непрофитните организации.