Almir Terzic
30 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Милоррад Додик, претседателот на Република Српска е испрашан во Обвинителството на БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, Обвинител од Одделот III на Обвинителството на БиХ, денеска во својство на осомничен го испрашуваше Милорад Додик.
Осомничениот Милорад Додик е под истрага во предметот кој се однесува на казненото дело на неизвршување на одлуката на Уставниот суд на БиХ, од членот 239 на Казнениот закон на БиХ.
По испитувањето на осомничениот, обвинителот ја продолжува истрагата во наведениот предмет.