Adel Ömeragiç
30 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) ги прогласи синоќа, десет минути пред полноќ, конечните резултати од парламентарните избори во Црна Гора, одржани на 16 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Според резултатите, Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 36 мандата, Демократскиот фронт 18, Големата коалиција „Клуч“ 9, Демократите 8, СДП 4, додека Социјалдемократите и Бошњачката партија освоија 2 мандата. Коалицијата „Албанците одлучно“освои еден мандат, како и Хрватската граѓанска иницијатива.
За одлуката за прогласување на конечните резултати гласаа 15 членови на Државната изборна комисија, од вкупно 28, колку што брои ова тело. Претставниците на опозицијата пред гласањето ја напуштија седницата.