Балкан

Делегација од Северна Македонија присуствуваше на комеморацијата во Сребреница

„Делегацијата ја предводеше претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз г-динот Мунир Колашинац, а во состав на делегацијата од Северна Македонија беа и претседателот на Бошњачкиот национален совет г-динот Џевад Хот и д-р Фехим Хусковиќ“

Ekipa  | 12.07.2021 - Обновена : 13.07.2021
Делегација од Северна Македонија присуствуваше на комеморацијата во Сребреница Фото: Бошњачки демократски сојуз

СКОПЈЕ (АА) - Делегација од Република Северна Македонија присуствуваше на вчерашната комеморација и колективниот погреб на жртвите од геноцидот во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, Босна и Херцеговина (БиХ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) соопшти дека на покана на Шефик Џаферовиќ, членот на Претседателството на БиХ, делегацијата од Северна Македонија присуствуваше на вчерашната комеморацијата и колективниот погреб на жртвите од геноцидот во Меморијалниот центар Поточари во Сребреница.

„Делегацијата ја предводеше претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз г-динот Мунир Колашинац, а во состав на делегацијата од Северна Македонија беа и претседателот на Бошњачкиот национален совет г-динот Џевад Хот и д-р Фехим Хусковиќ“, информираат од БДС преку соопштение.

По повод 11 јули - Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во Скопје се одржа традиционалниот Марш на мирот, а учесниците положија цвеќе на споменикот во скопската општина Чаир, подигнат во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Ден претходно, на 10 јули, Форумот на Бошњаците организираше комеморација во Скопје на која свој говор одржа академик Ферид Мухиќ.

Потсетуваме, низ годините наназад Бошњаците во Северна Македонија со низа информативни и културни настани се присетуваат на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Собранието на Република Северна Македонија во февруари 2010 година ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.