Bojana Stojanovic
14 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
БЕЛГРАД (АА) - Србија апсолутно се противи на формирање на вооружени сили на Косово, бидејќи тоа е во спротивност со Резолуцијата 1244 и ја загрозува безбедноста на Косово, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Коментирајќи тоа што Владата на Косово вчера усвои три предлога на Законот во врска со трансформацијата на безбедносните сили на Косово во вооружени сили, Дачиќ изјави дека Резолуцијата SB UN 1244 како вооружени сили ги предвидуваат само меѓународните мировни сили на НАТО на Косово (KFOR).
„Зошто косовската војска служи покрај КФОР?“, праша тој.
Министерот оцени и дека по реакциите на САД и НАТО се гледа дека не се задоволни со начинот на кој Косово формира војска, бидејќи тие бараат тоа да се случи преку уставни промени, но без претставници на Србите во Собранието на Косово.
Дачиќ оцени и дека предлогот за формирање на војска на Косово е уште еден удар на мировниот процес.