Besar Ademi
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
ТЕТОВО (АА) - Поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник во Парламентот, Ахмет Давутоглу, на предавањето кое го одржа на Универзитетот во Тетово изјави дека „светот се соочува со систематски земјотрес кој влијае на целиот меѓународен систем“, истакнувајќи дека поради тоа на светот му е потребна општествена инклузивност и ја наведе Република Македонија како успешна приказна во оваа смисла, јавува Anadolu Agency (АА).
Во рамките на предавањето, проф. Д-р Ахмет Давутоглу се осврна на актуелните теми во светот. Давутоглу истакна дека во текот на последните 25 години се случиле „големи земјотреси“, а системскиот земјотрес е петти по ред.
„Систематски земјотрес, бидејќи сите организации и држави со глобална моќ, со способност да ги поправат овие земјотреси, се под влијание на систематскиот земјотрес“, рече Давутоглу.
Тој, земајќи го примерот на Обединетите нации, рече: „Многу луѓе се надеваа дека Обединетите нации (ОН) ќе може да ја реши меѓународната криза. Сепак, денес никој не верува дека ОН е или ќе биде подготвена да реши каква било меѓународна криза. Затоа што многу нешта се случуваат пред очите на војниците на ОН. Исто така, ОН соработуваше со оние кои извршија геноцид против луѓето. Ова длабоко го разниша имиџот на ОН“.
Според него, решението за ова е инклузивност на три нивоа (национално, регионално и глобално) и во три области (политички, економски и културни) од целиот свет.
„Оваа инклузивност во општеството е важна. Македонија е успешна приказна во оваа смисла, тука живеат Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци... Но, на крајот од денот, сите тие треба да се гледаат како рамноправни граѓани“, рече тој.
- „Балканските мултикултурни структури се уништени од ексклузивни пристапи“ -
Покрај тоа, повикувајќи се на „други големи земјотреси“, како што е безбедносната и економската криза на 90-тите, како и бегалската криза, Давутоглу рече дека првиот земјотрес се случи во 1991 година, кога структурите на студената војна се распаднаа.
Нарекувајќи го ова како „геополитички земјотрес“, тој рече дека од Балканот до Црното Море, Кавказ и Централна Азија, територите се промениле, додека државните структури паднале и биле воспоставени повторно.
Тој ова го нарече како „геополитички земјотрес", и истакна дека од Балканот до Црното Море, Кавказ и Централна Азија се промениле, додека државните структури паднале и биле обновени.
„Еден голем процес на промени и да бидам искрен, жртвите на овие земјотреси, на војните во Босна и Херцеговина и Косово, се балкански нации, а особено босански и албански. Мултикултурните структури беа уништени со ексклузивниот пристап на Милошевиќ, Радован Караџиќ или други. Кој тврди дека овие земји припаѓаат само на еден народ, а другите треба да си заминат? Каде да одат тие, ова е нивниот дом“, истакна Давутоглу, додавајќи дека ова создаде одредени замрзнати конфликти кои можат да се појават повторно во секое време.
Според него, светската историја не завршила и никогаш нема да заврши, но, како што рече, ќе тече многу побрзо отколку порано и сите ние треба да бидеме подготвени за предизвиците на овој брз проток.
Давутоглу порача да се почитува територијалниот интегритет на земјите од Балканот, но во исто време да се почитуваат културните и економските односи, што, според него, ќе биде мост и ќе придонесува за подобрување на односите меѓу земјите и народите од регионот.
- „Доаѓањето во Тетово за мене е како доаѓање во мојот дом“ -
Во 2012 година, кога Давутоглу беше министер за надворешни работи на Турција, му беше доделена титулата почесен доктор на Тетовскиот универзитет.
„Доаѓањето во Тетово за мене е како доаѓање во мојот дом, овој Тетовски универзитет е мој дом и се сметам себеси како дел од академскиот кадар на овој универзитет. Не само поради фактот што бев почестен со титулата почесен доктор, туку јас секогаш сум се чувствувал дека овој универзитет има интелектуална атмосфера што ќе се создаде интелектуално чесност за иднината“, рече Давутоглу.
Вечерва, пратеникот на турскиот Парламент ќе учествува на дебатата на тема „Цивилизации и градови“, во организација на издавачката куќа Логос-А и Табернакул, како и во панел дискусијата „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, организирана од Здружението на дипломирани студенти од Турција.
Вчера Давутоглу се сретна со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов, министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија Аднан Ќахил и лидерите на парламентарните политички партии во земјата.