Ali Kemal Akan
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Во антитерористичките акции што Турските оружени сили ги спроведоа во југоисточна Турција, во периодот од 21 до 27 септември, неутрализирани се 63 терористи, а во обидот за илегален премин на државната граница беа фатени 16.172 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите се изведени против членовите на терористичката организација ПКК, во подрачјето на Хакќари, Ширнак, Мардин, Сирт и Дијарбакир.
Според податоците на Генералштабот на турската војска, во продолжението на антитерористичките акции во југоисточна Турција, во последните седум дена се неутрализирани 63 терористи. Запленето е и наоружување од различен вид.
Исто така, уништени се и рачно изработени експлозивни направи, како и засолништа за муниција и оружје.
Во текот на пограничните контроли, фатени се повеќе од 16 илјади лица кои по илегални патишта се обидоа да ја поминат границата на Турција.
Во текот на акцијата загинаа четворица војници, а 27 се ранети.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Освен во Турција, ПКК делува и во северониот дел на Ирак и во Сирија, каде што делува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.