Ekipa
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот Апелационен суд денес донесе пресуда против екстрадицијата на уште тројца турски поранешни војници, вклучени во неуспешниот обид за државен удар во Турција во јули минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Majорот Ахмет Ѓузел, мајорот Генџај Бојук и наредникот Билал Куругул сега слободно може да останат во Грција, според одлуката, сѐ до процесуирањето на нивното барање за азил.
Обвинителката Евгенија Кивелоу предложи трите лица да не бидат вратени во Турција и да бидат ослободени од притвор.
Судот го прифати предлогот, наведувајќи дека тие треба да бидат ослободени, освен ако не се товарат за дополнителни кривични дела.
Минатата недела, уште тројца поранешни војници добија иста пресуда. За двајцата преостанати турски поранешни воени лица ќе се одлучува в четврток.
Неколку часа по јулскиот неуспешен обид за државен удар во Ти, осумте поранешни воени лица пристигнаа во Грција со грабнат хеликоптер и побараа азил.
Турција веднаш издаде барање за екстрадиција, кое беше одбиено од страна на грчкиот Врховен суд во јануари 2017 година, по серија судења и жалби.
Неколку дена подоцна, Турција издаде второ барање, кое сега се процесуира.
Во неуспешниот обид за државен удар загинаа 249 лица, а повеќе од 2.100 беа повредени.