Furkan Naci Top
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот Апелационен суд го одби повтореното барање на Турција за испорачување на осумтемина пребегнати пучисти по неуспешниот минатогодишен обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот суд на Грција (Ариос пагос) кон крајот на јануари донесе одлука да не бидат испорачани осумтемина пребегнати турски војници пучисти, кои како припадници на терористичката организација ФЕТО учествуваа во неуспешниот јулски обид за пуч во Турција, а потоа со хеликоптер на турската војска побегнаа во Грција.
По повтореното барање на Турција за испорачување на пребегнатите пучисти, Апелациониот суд во Атина денес го одби барањето за испорачување на двајца пучисти, членови на терористичката организација ФЕТО, Угур Учан и Месут Фират. Судот вчера донесе иста одлука за уште тројца пучисти, а за преостанатите тројца ќе донесе одлука на 25 април.